25/04/2024
Спорт

Заврши фудбалското првенство 2017/18

Денес се одиграа натпреварите од 36-то последно коло од натпреварувачката 2017/18 во Првата македонска фудбалска лига. Постигнати беа следните резултати:

Академија Пандев  1:2  Силекс

Победа  1:0  Ренова

Работнички  3:2  Скопје

Шкендија  4:0  Пелистер

Шкупи  4:1  Вардар

Новиот шампион Шкендија веќе одамна се наоѓа на врвот од табелата, освојувајќи 91 бод оваа сезона, пред Вардар на второто место со 56 и Работнички на третото место со 52 бодови.

Најдобар стрелец оваа сезона беше Бесарт Ибраими со 23 постигнати голови, пред Ферхан Хасани со 22 голови, и Зоран Балдовалиев со 14 постигнати голови.

Тимовите на Скопје и Пелистер испаднаа од Првата лига, додека пак Победа ќе игра бараж за опстанок во Првата лига против второлигашот Борец.

#  Прва МФЛ 2017/18  Натпревари  Победи  Нерешени  Порази  Голови  Бодови
 1.  Шкендија  36  29  4  3  101:27  91
 2.  Вардар  36  16  8  12  53:41  56
 3.  Работнички  36  14  10  12  50:43  52
 4.  Шкупи  36  13  12  11  51:46  51
 5.  Силекс  36  13  11  12  30:37  50
 6.  Академија Пандев  36  10  12  14  43:47  42
 7.  Ренова  36  10  11  15  36:53  41
 8.  Победа  36  10  8  18  36:56  38
 9.  Скопје  36  7  14  15  24:43  35
 10.  Пелистер  36  8  10  18  37:68  34

WebOhrid