28/04/2024
Охрид

Завршна вежба за заштита и спасување од елементарни непогоди во ОУ „Христо Узунов“

На 15.12.2021 година (среда), во 10:45 часот, во Основното училиште „Христо Узунов“ во Охрид, ќе се реализира завршната симулациска показна вежба за заштита и спасување од елементарни непогоди.

Вежбата, што е во организација на СВР Охрид-отсек за превенција, Територијалната противпожарна единица и Црвен Крст Охрид, претходно се спроведе во сите образовните институции во Охрид, а целта е подигнување на степенот на безбедносните мерки и подготвеноста кај учениците и наставниците, за поефикасна заштита при земјотреси, пожари и други елементарни непогоди.

Вежбата значи и подобрување на готовноста на СВР Охрид, ТППЕ Охрид, Здравствен дом Охрид, Црвен Крст Охрид, ЦУК, ДЗС и другите служби, за унапредување на координацијата и меѓусебната соработка за поефикасносно делување при елементарни непогоди.


WebOhrid / 14.12.2021 / СВР Охрид