Здравствена едукација за поголема превенција на дијабетесот

Во рамки на одбележувањето на Неделата на борба против дијабетес (шеќерна болест), 10-16 октомври, Црвен крст Охрид организираше едукативно предавање на тема „Дијабетот го засега секое семејство“.

Предавањето денес го одржа Д-р Кристина Стојаноска Алоска, стоматолог во ПЗУ „Д-р Сашо Стоев“ во Охрид, на кое ги разјасни сите отворени прашања поврзани со дијабетесот, а даде осврт на релацијата на дијабетот и оралното здравје. Беше заклучено дека голем е бројот на лица кои имаат дијабетес, но д-р Стојаноска Алоска препорачува редовно да се контролира шеќерот во крвта, да се консумира балансирана исхрана со умерена физичка активност и да се посетува стоматолог за било која промена во устата.

„Дијабетесот е доста често хронично заболување, чии последици и промени во организмот ја атакираат и усната празнина. Најчест проблем на дијабетичарите кога станува збор за орални промени е гингивитисот, потоа оралната кандидијаза и сувата уста.

Препорачувам, редовно да се контролира шеќерот во крвта, да се консумира балансирана исхрана со умерена физичка активност и да се посетува стоматолог за било која промена во устата.“- изјави за WebOhrid, д-р  Стојаноска Алоска.

WebОhrid