26/04/2024
Македонија

Здружена вежба „Есенска бура-18“

Припадниците на АРМ и МВР, кои учествуваа на здружената вежба „Есенска бура-18“, денеска на армискиот полигон „Криволак“, демонстрираа координиран настап при справување со ситуации и постапки поврзани со кризниот менаџмент.

На денот за високи гости, специјалните единици на АРМ и МВР, со поддршка од хеликоптерските единици, воената полиција, пешадиските единици, како и Дирекцијата за заштита и спасување и Центарот за управување со кризи, го покажаа својот потенцијал за ефективно справување во разни ситуации. Притоа беа прикажани вежби на упад во просторија, напад на терористички камп, изведување на препад, заседа, справување со нарушување на јавен ред и мир при заложничка криза и други постапки.

На вежбата „Есенска бура-18“, која се реализира во период од 8 до 13 ноември, припадници на Армијата на Република Македонија од составот на полкот за специјални операции (баталјонот за специјални намени и ренџерскиот баталјон), Здружената оперативна команда (единици од воздухопловната бригада, од баталјонот воена полиција и првата механизирана пешадиска бригада), заедно со припадници на Министерството за внатрешни работи од Единицата за брзо распоредување, Единицата за специјални задачи и хеликоптерската единица, со поддршка од Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување, изведуваа вежбовни активности со цел унапредување на меѓусебната интероперабилност и кризниот менаџмент како одговор на можните закани.

https://www.youtube.com/watch?v=budByMi8au8