27/04/2024
ДебрцаОхрид

Жител од Белчишта зготвил испратница со лажни податоци за превоз на огревно дрво

СВР Охрид поднесе кривична пријава против П.Ј.(60) од селото Белчишта, општина Дебрца, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Пријавениот, во својство на службено лице во ЈПСДШ „Национални шуми“ – подружница ШПС „Галичица“ – Охрид, изготвил испратница со лажни податоци за превоз на 2,8 метри кубни огревно дрво, иако знаел дека биле натоварени 6,3 метри кубни огревно дрво.

Со тоа, му овозможил на Д.Л., противправно да присвои за себе 3,5 метри кубни дабово огревно дрво а на правното лице во кое е вработен, предизвикал материјална штета  во износ од 15.750 денари.


WebOhrid / 28.01.2022 / СВР Охрид