26/04/2024
Струга

Жител од Велешта изградил објект без одобрение

Надворешната канцеларија Струга поднесе кривична пријава против А.Ж.(52) од село Велешта-струшко поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.

На 23.02.2018 година во село Велешта, при инспекциски надзор од страна на градежен инспектор од Општина Струга, било констатирано дека пријавениот на парцела во село Велешта, изградил објект за домување, без одобрение за градба.