27/04/2024
Охрид

Гласајте за WebOhrid за „Сајт на годината“ 2017

И оваа година WebOhrid е номиниран за „Сајт на годината“ во две категории и тоа: „Најдобар сајт за 2017 година“ и „Вести и информации“.

Од Охрид, исто така номиниран е и сајтот на Охридската библиотека (bibliotekaohrid.mk), во две категории: „Образование, наука и култура“ и „Најдобар сајт за владини/државни институции“, додека пак во категоријата „Е-трговија и огласи“ номиниран е сајтот на „Можности Охрид“ (moznostiohrid.mk).

→ Гласај ←

Гласањето од интернет посетителите започна од 24.11.2017 и ќе трае заклучно со 10.12.2017. Секој интернет посетител може да распредели 3 гласа во секоја категорија и тоа 10, 6 и 2 поени.

Победниците ќе бидат објавени на 16.12.2017 на свечена манифестација, при што ќе се поделат симболични награди и плакети на победниците од секоја категорија.

Mанифестацијата “Сајт на Годината” во организација на Media Solutions и системот за онлајн реклами keepaneye.mk се одржува по осми пат оваа година.

Изборот на Сајт на Годината е проект кој има за цел да ги промовира, развива и поддржува интернет медиумите и севкупното интернет издаваштво во Македонија. Сајт на Годината ги адресира сите прашања поврзани со електронскиот медиум и простор во Македонија. Мисијата на оваа манифестација е да го подигне нивото на електронскиот медиумски простор во Македонија преку препознавање и наградување на најдобрите остварувања од разни области на електронското издаваштво и развој на интернет културата во Македонија.