Изложба на подводни фотографии на Нуркачкиот Клуб „Амфора“

Повеќе од дваесетина подводни фотографии од живиот свет на Охридското Езеро, денес, се поставени на Градскиот плоштад. На фотографиите, што се дело на нуркачкиот клуб „Амфора“, може да се види дел од подводниот свет на Охридското Езеро.

Изложбата е дел од одбележувањето на „Денот на Езерото“, а финансиски е поддржана од општина Охрид.