26/04/2024
Спорт

Нов гол на Јаховиќ

Адис Јаховиќ му донесе нова победа на Гозтепе на гостувањето против Кардемир Карабук.

Најпрво домашните имаа шанса да поведат од пенал во 33 минута, но голманот на Гозтепе го одбрани тој удар. Јаховиќ постигна гол во 58 минута со што му донесе нови 3 бодови на Гозтепе, кој моментално се наоѓа на третото место од Турската Суперлига.

Јаховиќ моментално е на второто место од листата на стрелците со 12 постигнати голови зад водечкиот Гомис кој има 13 голови.

WebOhrid