ОУ „Григор Прличев“ ја поддржа акцијата на Црвен крст за промоција на хумани вредности

Учениците и вработените од основното училиште „Григор Прличев“ ја поддржаа програмата на Црвен крст Охрид: Црвен крст во акција –промоција на хумани вредности со донирање на играчки. Учениците и вработените донираа играчки кои ќе бидат подарени на четири малечки дечиња од социјално загрозено семејство.

Акцијата траеше до денес 11.03.2019 год. , таа само ја продолжува традицијата на училиштето да помага… некогаш, она што во нечиви очи е малку – за друг е богатство. Хуманоста е најголемото богатство што секој поединец може да го поседува.