Стружанец упатувал закани по животот кон инспектори по риболов

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Д.С.(27) од село Радожда, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие“.

На 31.01.2018 на крајбрежјето на Охридското езеро, во правец кон село Радожда, пријавениот упатувал закани по животот кон инспектори по риболов од Државниот инспекторат за земјоделие, кои вршеле службени активности. Исто така, фрлил дрво кон нив и повредил еден инспектор.