26/04/2024
Македонија

Учество на МНР Димитров на ЦЕПС форумот – „Европа – повторно на вистинската патека”

Денес во Брисел, Министерот за надворешни работи Никола Димитров, учествуваше на годинешниот форум “Европа – повторно на вистинската патека”, во организација на Центарот за европски политички студии.

МНР Димитров учествуваше на две панел дебати: „Западен Балкан: црна дупка во Европа?” и „Копенхашката дилема на ЕУ: Заштита на владеење на правото пред и после пристапувањето?”.

2018 02 23 PHOTO 00001488

Во своите излагања министерот Димитров се осврна на процесот на европската интеграција на Република Македонија и регионот; и предизвиците на интегративниот процес, гледано во двете насоки – таа на Македонија и Регионот, но и таа на Брисел и земјите членки. Притоа ја потенцираше потребата од заемно препознавање на создадената можност и висок степен на ангажман за нејзина реализација: „Во Македонија се роди нова вистинска решеност за напредок. Одговорноста таа да се валоризира во дофатлив резултат е заедничка. Време е како Регион да се фокусираме на иднината и да влеземе во натпревар за тоа кој ќе овозможи подобро општество за своите граѓани, поквалитетно здравство и понапредно образование. 

2018 02 23 PHOTO 00001489

Во поглед на Копенхашките критериуми и владеење на правото, МНР Димитров заклучи дека денес процесот на пристапување во ЕУ е значително различен од тој при првите бранови на проширување на Унијата: „Критериумите   за членство се зголемени, а известувањето е построго. Тоа само по себе го прави процесот поефикасен. Сепак, внесувањето на поголема искреност дополнително ќе придонесе за одржливоста на реформите, вклучително и владеење на правото.“

Своето учество на форумот МНР Димитров го искористи и за средба со заменик премиерот и министер за надворешни и европски работи на Кралството Белгија, Дидие Рејндерс, и негово информирање со актуелностите во ЕУ-реформското досие на Република Македонија.

Dimitrov Reynders 01