27/04/2024
Охрид

Кривична пријава за охриѓанец поради неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.М.(32) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 22.11.2019 на ул.„Св.Климент Охридски“ во Охрид, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана, хашиш и кокаин.