28/04/2024
Македонија

Преку 600 илјади ерва инвестиции во Дојран за подобрување на локалните улици

“Денеска со градоначалникот ги посетивме населените места Николич, Фурка и Црничани и драго ми е што градежните работи се одвиваат со одлична динамка. Очекувам за два месеци истите да бидат комплетно завршени. За реконструкција на овие улици инвестираме преку 480 илјади евра и морам да спомнам дека склучивме договор со изведувач за реконструција на уште една улица во Дојран каде многу брзо ќе започнеме со нејзина реконструкција, со што општината ќе ги искористи сите средства од проектот. И ова е особено значајно за жителите на Дојран и населените места бидејќи овозможуваме подобри услови за живот и за граѓаните и за сите туристи кои го посетуваат Дојран”, изјави министерот Бочаврски. 

Градоначалникот Ангов истакна дека помошта од централната власт за општина Дојран е од огромно значење бидејќи се завршени неколку инфраструктурни проекти со што е унапреден урбаниот и локалниот економски развој на градот. 

Преку проектот за локални патишта во општините до сега рехабилитирани се преку 180 локални улици и патишта во над 60 општини. 

Во рамки на денешната посета на општина Дојран, министерот Бочварски и директорот на Царинската управа Стефан Богоев, го посетија граничниот премин Дојран каде извршија увид во новоинсталираниот видеo систем за надзор наменет за потребите на Царинскатa управа, проект кој исто така се реализира преку Министерството за транспорт и врски