29/04/2024
Македонија

Расчистена тешка кражба од патнички автобус, пронајденото ќе биде вратено на сопствениците

На 22.07.2023 во 19.00 часот на подрачјето на Центар полициски службеници од Единица за внатрешни работи – Одделение за криминалистички работи Центар и Бит Пазар го лишиле од слобода Р.Б.(24) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“ во автобус.

Имено, на 21.07.2023 во близина на скопската тврдина Кале пријавениот со погоден алат насилно ја отворил вратата од паркиран патнички автобус со турски национални ознаки и одзел разни предмети.

Со него бил извршен службен разговор, а дел од одземените предметите биле пронајдени и ќе бидат вратени на оштетените. По целосно документирање на случајот ќе следи кривична пријава.