30/04/2024
Македонија

Спасовски: За 35% покачена плата и исплатени 6 бонус плати на вработените во МВР

За 35% покачена плата и исплатени 6 бонус плати на вработените во МВР.

Со спроведените одговорни економски политики и како резултат на домаќинското работење беше зголемена просечната плата, а сотоа растеше и поединечниот износ на бонус платите во МВР:

▪️5 покачувања на плата за сите вработени во МВР
▪️4 дополнителни покачувања за одредени категории работни места
▪️6 исплатени бонус плати

🔹Во 2016 година од 01.04.2016 година спроведено е зголемување на платите на вработените за 5%, започнувајќи со априлска плата;
🔹Во 2019 година 01.09.2019 година реализирано е зголемување на платите за 5%
🔹Исто така извршена е измена на Спогодбата за утврдување листа на плати за работниците во Министерството за внатрешни работи со статус на овластено службено лице која стапи на сила од 01.12.2018 година, и се реализира планираниот процес на зголемување на бодовите на плата за 10 и 20 бодовите само за работната позиција „полицаец“, од категориите Е5, Е4, Е3 и Ж5, Ж4 и Ж3, а не и за останатите работни места во тие категории на наведените категории полицајци.
🔹Од 01.01.2019 година во Буџетот на МВР побарани се и одобрени парични средства за исплата на зголемување на плата во износ од 80.000.000,00 денари на годишно ниво за 4.821 униформирани вработени со што се овозможи издвојување на основната категорија Е и Ж работна позиција помлад полицаец полицаец и виш полицаец од останатите вработени.
Ова е од особено значење за вработените имајќи предвид дека вакво зголемување за основната компонента полицаец се остварува за првпат од 1991 година.
🔹Започнувајќи од 01.01.2020 година извршена е измена во Колективниот Договор на МВР со што се постигна зголемување на основна компонента на плата во висина од 20% и 30 % во зависност од сложеност на работа по работни места за вработените во организациската единица Оддел за информатика и телекомуникации.
🔹Од 01.01.2022 година согласно измена во Колективен Договор зголемена е платата на вработените во Одделот за компјутерски криминал и дигитална форензика, а исто така спроведено е зголемување на платата за вработените во ИПА Одделението.
Со оваа мерка е спречен одлив на вработени од овие организациски единици.
🔹Во 2022 година спроведено е зголемување на платите за 5%, започнувајќи со исплата на септемвриска плата;
🔹Во 2023 година започнувајќи од од 01.03.2023 година извршено е линеарно зголемување на платите на вработените во бруто износ од 3.086,00 ден, со исплата на плата за месец март.
🔹Зголемување за 10%, започнувајќи со исплатата на платата за месец септември 2023 година, и за сите вработени во МВР се реализира предвиденото зголемување на платите, за што во Буџетот на МВР се обезбедени средства за оваа намена.

🔹Откако го преземав раководењето со МВР, како приоритет се воспостави редовната исплата на бонус плати за над 150 изработени часови прекувремена работа на годишно ниво, како гарантирано право на вработените во МВР согласно Колективниот договор. Сите бонус плати навремено се исплаќаат, а до 2016 не биле исплаќани, па вработените морале по судски постапки да ги наплаќаат. Така, започнувајќи од 2020 година се врши исплата на бонус плата за вработените во МВР и тоа:

-бонус плата за 2017 година за 1.819 вработени во износ од 46.340.844,00ден.;
-бонус плата за 2018 година за 1.916 вработени во износ од 51.680.268,00 ден.;
-бонус плата за 2019 година за 5.013 вработени во износ од 139.617.063,00 ден.;
-бонус плата за 2020 година за 4.508 вработени во износ од 136.150.616,00 ден.;
-бонус плата за 2021 година за 5.922 вработени во износ од 188.965.098,00 ден.;
-бонус плата за 2022 година за 5.791 вработен во износ од 204.995.609,00 ден.

Ги користиме сите можни алатки кои ни стојат на располагање, сѐ во интерес на вработените, за подобрување на социјалниот статус на полицијата.

Задоволна полиција – безбедни граѓани!
#МВРфакти