28/04/2024
Охрид

ЗП „Великамен“ го одбележа Светскиот ден на планината

Традиционално втора година по ред, по повод Светскиот ден на планината, во организација на ЗП Великамен, се реализира планинарска тура с. Велестово – Елен Врв – Планинарски дом Троуглеш. 

И покрај промената на временската прогноза од сончево, облачно и на крај снежно време, на акцијата присуствуваа околу 90 планинари и љубители на планината, деца и возрасни, од Охрид, Струга, Вевчани, Битола, Прилеп и Скопје. 

Во планинарскиот дом Троуглеш, се послужуваше топол чај и освежителни пијалоци, вкусен планинарски грав и домашно лепче подготвено од „Тераса Утарна“, а учесниците имаа можност да вкусат и македонски традиционални специјалитети подготвени од „Пирустија Неданоски“.

Настанот беше поддржан од Група планинари Охрид, Вет Спирит ветеринарни амбуланти, Витек софтвер компанија, Виа Фарм аптеки, Самоилова ракија.


10.12.2023 / Павел Донески, Магистер по односи со јавност и екс новинар