26/04/2024
Македонија

127 нови случаи на Ковид – 19, починати се 10 лица

Во последните 24 часа направени се 1.766 тестирања, а регистрирани се 127 нови случаи на КОВИД-19:
• Скопје – 90
• Охрид – 9
• Битола и Штип – по 6
• Кавадарци – 4
• Струмица – 3
• Прилеп, Ресен и Виница – по 2
• Куманово, Кичево и Струга – по 1
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 6 починати лица: 2 починати лица од Скопје (74г и 85г) и по едно починато лице од Кавадарци (78г), Кичево (84г), Неготино (71г) и Штип (63г). Од пријавените сите лица се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 4 лица, починати во период од 22.11-18.12.2021 година. Починатите лица се од Тетово (2), Гостивар (1) и Струга (1). Починатите лица се на возраст од 48г до 75г. Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Регистриран e 261 оздравен пациент од:
• Скопје – 132
• Прилеп – 28
• Битола – 17
• Струмица – 10
• Куманово – 9
• Кочани – 8
• Крива Паланка и Валандово – по 7
• Штип и Пробиштип – по 5
• Тетово и Делчево – по 4
• Кавадарци, Кичево, Велес, Радовиш и Кратово – по 3
• Ресен, Гевгелија, Богданци и Македонски Брод – по 2
• Неготино и Македонска Каменица – по 1
Досега во земјата се направени вкупно 1.551.730 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 221.411, бројот на оздравени пациенти е 208.209, на починати е 7.825, а бројот на активни случаи изнесува 5.377