28/04/2024
Спорт

20.000 евра награда за сениорската машка ракометна репрезентација за победата против Данска

Управниот Одбор на Ракометната Федерација на Македонија донесе Одлука за доделување парична награда во износ од 20.000 ЕУР нето (во денарска противредност) на сениорската машка ракометна репрезентација за извојуваната победа против актуелниот Светски и Олимписки Шампион, селекцијата на Данска, натпревар одигран на ден 11.03.2021 год. во рамките на квалификацискиот циклус за пласман на ЕП 2022.

Дополнително по објавениот конкурс за избор на Генерален Секретар, Управниот Одбор на РФМ го усвои предлогот на комисијата и го назначи Филип Милошевски на функцијата Генерален Секретар.