28/04/2024
Спорт

25 фудбалери на списокот на Благоја Милевски за Украина и Ерменија

Селекторот на македонската А репрезентација, Благоја Милевски го објави списокот со повикани фудбалери за квалификацискиот натпревар за ЕП 2024 против Украина (14. октомври, 15:00 часот) во Прага и контролниот меч против Ерменија во Струмица (17. октомври, 15:00 часот). 

На списокот на селекторот Благоја Милевски се наоѓаат следните 25 фудбалери: 

ГОЛМАНИ

Столе ДИМИТРИЕВСКИ – Рајо Ваљекано, Шпанија

Дамјан ШИШКОВСКИ – Докса, Кипар

Игор АЛЕКСОВСКИ – Работнички

ОДБРАНА

Висар МУСЛИУ – Падерборн, Германија

Тодор ТОДОРОВСКИ – ЗТЕ, Унгарија

Никола СЕРАФИМОВ – Фехервар, Унгарија

Јован МАНЕВ – Осјек, Хрватска

Езѓан АЛИОСКИ – Ал Ахли, Саудиска Арабија

Бојан ДИМОСКИ – Акрон, Русија

Ахмет ИЉАЗОВСКИ – Хвидовре, Данска

Стефан АШКОВСКИ – Раднички Ниш, Србија

СРЕДЕН РЕД: 

Енис БАРДИ – Трабзонспор, Турција

Елиф ЕЛМАС – Наполи, Италија

Аријан АДЕМИ – Динамо Загреб, Хрватска

Јани АТАНАСОВ – Краковија, Полска

Агон ЕЛЕЗИ – Вараждин, Хрватска

Давид БАБУНСКИ – Мезоковешд, Унгарија

Исник АЛИМИ – Сепси, Романија 

НАПАД:

Бојан МИОВСКИ – Абердин, Шкотска

Милан РИСТОВСКИ – Спартак Трнава, Словачка

Дарко ЧУРЛИНОВ – Барнли, Англија 

Ваљон ЕТЕМИ – Истанбулспор, Турција

Љупче ДОРИЕВ – Согдиана, Узбекистан 

Александар ТРАЈКОВСКИ – Хајдук, Хрватска

Димитар МИТРОВСКИ – Вараждин, Хрватска

Благоја Милевски – селектор на македонската А репрезентација: 

Ова се фудбалерите кои беа и на претходниот собир. Сега со нас ќе биде и Дарко Чурлинов кој заигра за тимот до 23 години на Барнли. Ме радува фактот што е подготвен да се приклучи на репрезентацијата. Жал ми е што Зајков нема да е со нас, имаше оперативен зафат, ама се чувствува добро. Разговарав со Доријан Бабунски, тој не е на списокот, што не значи дека нема да биде за следните собири. Перформансот на Бабунски беше различен во клубот и тука. Јас кај сите гледам како изгледаат на собир и на тренинзи. 

„Разговарав и со Илија Несторовски. Тој исто така не е повикан за овие натпревари од причина што сосема поинаква ни е тактичката замисла за двата натпревари. Несторовски има дадено многу за оваа репрезентација и покажуваме почит кон него со тоа што не праќаме покана колку само да биде овде, а без намера да го користиме“. 

„Не сме во криза со играчкиот кадар кој го имаме на располагање. Би кажал дека тоа е нашата реалност во моментов, иако сите би сакале да имаме 50-60 фудбалери на нивото на квалификациски циклус“.

„Веќе влегуваме во завршницата и сите натпревари се клучни. Само победа ни одговара и нам, но и на Украина за да се најдеме во оптимална ситуација пред ноемвриските дуели. Очекувам отворен натпревар, бидејќи нема да се игра на реми. По ова ни следуваат дуелите со Италија и Англија, па ќе видиме. Анализиран е првиот натпревар со Украинците, особено тие завршни 30 минути. Воочени се аномалиите и позитивните работи. Во функција на тоа што планираме е и списокот. Ќе мора многу работи да поправиме од првиот меѓусебен меч. Сакаме да победиме, работиме само за таков исход, без разлика против кој ривал играме. Атмосферата по септемвриските натпревари е подобра. Момците пред тие два меча донесоа позитивна атмосфера“.


WebOhrid / 04.10.2023 / ФФМ