26/04/2024
Македонија

285 нови случаи на Ковид – 19, починати се 5 лица

Во последните 24 часа направени се 2.667 тестирања, а регистрирани се 285 нови случаи на КОВИД-19 во:
· Скопје – 110
· Битола – 30
· Прилеп – 24
· Кочани – 20
· Велес – 17
· Куманово – 16
· Тетово – 10
· Кавадарци – 9
· Гевгелија – 8
· Неготино – 7
· Ресен – 5
· Штип, Охрид, Кичево и Свети Николе – по 4
· Демир Хисар и Пехчево – по 3
· Богданци – 2
· Струмица, Делчево, Виница, Пробиштип и Кратово – по 1
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 5 починати лица: по 2 починати лица од Скопје (72г и 91г) и Велес (72г и 87г) и едно починато лице од Берово (79г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, се пријавени три починати лица со датум на смрт од 22.10.2021 до 26.10.2021. Регистрирани се починати лица од Скопје (2) и Кочани (1), на возраст од 72-85г, од кои едно лице е починато во домашни услови, а 2 лица се починати во болнички услови.
Регистрирани сe 328 оздравени пациенти од:
· Скопје – 119
· Кавадараци – 26
· Штип – 25
· Битола – 24
· Куманово – 22
· Кочани – 21
· Велес – 18
· Неготино – 12
· Прилеп и Берово – по 8
· Делчево – 7
· Гевгелија, Свети Николе, Виница и Пробиштип – по 5
· Демир Хисар и Радовиш – по 4
· Кичево – 3
· Ресен и Охрид – по 2
· Богданци, Кратово и Дојран – по 1
Досега во земјата се направени вкупно 1.428.941 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 209.277, бројот на оздравени пациенти е 193.400, на починати е 7.328, а бројот на активни случаи изнесува 8.549.