27/04/2024
Струга

98 санкционирани возачи на територијата на општина Струга

Во текот на вчерашниот ден (24.03.2024) во периодот од 12.30 до 17.30 часот Секторот за сообраќајни работи при Одделот за униформирана полиција Биро за јавна безбедност и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведоа акциска контрола на територијата на општина Струга, за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

При контролата санкционирани се 98 возачи, од кои 16 за возење без возачка дозвола, 10 санкции поради измината важност на сообраќајната дозвола, седум мерки за непрописно вградени фолии (затемнети стакла)… На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.