29/04/2024
Македонија

Агенцијата за иселеништво ја возобновува „Иселеничката ликовна колонија“

Агенцијата за иселеништво, по пауза од повеќе години, го обновува културниот проект „Иселеничка ликовна колонија“. Колонијата ќе се одржи во периодот од 11 до 17 јуни 2022 година. Локацијата на одржувањето ќе биде дополнително објавена.

Се покануваат 8 македонски автори да земат учество на возобновената Колонија. Агенцијата за иселеништво, како организатор на овој настан, го обезбедува основниот материјал за сликање, превозот од Скопје до локацијата на одржување, како и сместувањето и ноќевањето со полн пансион.

По завршувањето на Колонијата, авторите кои ќе треба да изработат по две слики, едната слика ќе ѝ ја отстапат на Агенцијата за иселеништво, по избор на Агенцијата.

Рокот за пријавување е до 25 март 2022 година.

Контакт лице за пријавување: Дора Ангелова dora@minisel.gov.mk


WebOhrid / 17.03.2022 / Агенција за иселеништво