Акција за вадење заостанати мрежи (видео)

Заостанати потонати мрежи (духови) во Охридско езеро претставуваат голема опасност за живиот свет во езерото.

Станува збор за потонати мрежи, кои прават штета не само на рибниот фонд туку и на други живи компоненти. 

Загрозени се и пастрмките кои поради нивната специфика и биологија на однесување, кога еднаш ќе се најдат во овие мрежи на нивните рибни пловишта нема повеќе да доаѓаат, ниту да вршат природен мрест.

Со финансиска подршка на Германското сојузно министерство за економска соработка и развој, а имплементиран од ГИЗ, вадењето на заостанатите мрежи започна на 12 мај и траеше до 22 јуни 2017 година.

Во  реализација на проектот учествуваа екипи од Хидробиолошки Завод од Охрид и професионални нуркачи од Нуркачкиот Центар АМФОРА.

Прво мрежите се лоцираа визуелна детекција и со употреба на ехо сонар, а потоа следуваше врзување и подигнување на брод со помош на витло и подводни лифтови. 

Нуркачите од АМФОРА работеа во екстремни услови  на температура на вода од 8 степени на длабочина од 30-40 метри, во ограничена видливост и големи струења на водата.

На места постоеше голема опасност од заплеткување на нуркачите.

Скелети од риби, школки, изумрени единки, остатоци од птици, ракови, краби ова е само дел од се она што можеше да се види во извадените мрежи.

Во оваа акција беа извадени вкупно 230 рибарски мрежи со должина од околу 12 километри.