02/05/2024
Охрид

АПЕЛ за помош на 27-годишниот Алпај Муфти од Охрид

Да му помогнеме на Алпај Муфти од Охрид, кој има потреба од операција по сообраќајна незгода.

Семејството на 27-годишниот Алпај Муфти од Охрид испраќа апел за помош до сите добронамерни луѓе.

– Kобна сообраќајка му го смени животот на Алпај, младо момче на 27 години, скромно, воспитано, љубезно дете од прекрасно семејство. Тој неодамна се здоби со сериозни повреди, кои се опасни по живот, заради што е сместен во болницата „Систина“ во Скопје каде две недели беше во кома. Потребата од повеќе хируршки интервенции и процесот на лечење кој е бавен, носи високи трошоци, кои семејството не може целосно да ги подмири и затоа е потребна помош. Надежта е во народот знаен и незнаен. Кој колку има, кој колку може, за да му помогнеме на ова момче повторно да го живее животот со иста насмевка полна добрина и срдечност при секое „добро утро“. За Алпај од срце, порачуваат организаторите на акцијата за помош.

Отворен е и телефонски број за донации од Телеком – 070/143-424, и 077/143-468 за донации од А1.

Трансакциска сметка за донации:

Ozdizhan Mufti

за Македонија:
270-7000234130-33 Halk Banka

за странство:
IBAN code MK07270700027498188
SWIFT EXPCMK22

Да помогнеме заедно и да спасиме еден млад живот.