19/04/2024
Охрид

Реконструкција на покривот на ОУ„Христо Узунов“

Денеска започнаа работни активности за промена на покривната конструкција во ОУ „Христо Узунов“. За оваа намена во Годишната програма за образование на Општина Охрид се предвидени 4.109.512 денари.

Во рамки на планираните активности, постоечките азбестни табли, со кои беше пoкриено училишто ќе бидат заменети со 3.348 метри квадратни лимен покривач.

Исто така во тек е и промена на покривната конструкција на училишниот објект на ОУ „Братство Единство“ во населбата Лескајца и промена на покривната конструкција на подрачниот училишен објекти на ОУ „Свети Наум Охридски“ во  селото Елшани. И овие два училишни објекти до сега имаа азбестен покрив.

Во текот на наредните денови се очекува да започнат и работни активности за промена на покривната конструкција на ОУ „Свети Наум Охридски“ во селото Коњско, за што се предвидени 412.706 денари од општинскиот буџет.