22/04/2024
Спорт

АВ Охрид ја започна 2018 со пораз во АБА 2 лигата

Тимот на АВ Охрид ја започна Новата 2018 година со нов пораз во АБА 2 лигата. Вечерва, АВ Охрид гостуваше кај Борац Чачак во Србија.

Борац Чачак го доби натпреварот со резултат 100-71 (34:23 20:15 28:23 18:10).

И по овој пораз тимот на АВ Охрид останува на последното место од АБА 2 лигата.

Следниот натпревар во АБА 2 лигата, тимот на АВ Охрид ќе го игра во среда (10.01.2018) на домашен терен против тимот на Ловќен 1947 Цетиње.

WebOhrid