27/04/2024
Охрид

Бадникарите го најавија Христовото раѓање

Со ѕвезди во рака, широка насмевка на лицата  и видна возбуда пеејќи ја возобновената христијанска песна „Вечниот Бог“ околу 1000  охриѓанчиња    кои беа дел од Бадниковата поворка претпладнево го најавија  Христовото раѓање- Божиќ.

Движејќи се од дворот на црквата Св. Георги – Горна Влашка Мала  по улицата „Јане Сандански“, булевар „Туристичка“ и низ чаршијата тие ширеа радост и среќа. На плоштадот „Св. Климент Охридски“ ги пречека градоначалникот Кирил Пецаков заедно со советниците во Советот на Општина Охрид и со директорите на охридските јавни претпријатија.

Дарувајќи им пригодни подароци градоначалникот Пецаков им посака добро здравје, среќа и успеси на секој план.

Предводници на поворката беа естрадните уметници Ѓоко Танески и Христијан Настоски- Пајак.

Бадниковата поворка во Охрид  се одржува 11 година по ред  и е во организација на Здружението за грижа и воспитување деца од Охрид, а  е  поддржана од локалната самоуправа.

DCIM\100MEDIA\DJI_0003.JPGBAdnik_060124002BAdnik_060124003


WebOhrid / 06.01.2024 / Општина Охрид