26/04/2024
Охрид

Богослужби за празникот Св.Кирик и Св.Јулита во Св.Богородица Болничка – Охрид

Дебарско – кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 27 јули (сабота) 2019 година, во црквата „Света Богородица Болничка“ – Охрид, со почеток 18:00 часот ќе се служи празнична вечерна богослужба по повод празникот „Св.мч-ци Кирик и Јулита“.

28. јули (недела) 2019 година, со почеток во 07:30 часот ќе се служи празнична утрена богослужба и света божествена литургија, по завршувањето на литургијата во дворот на црквата свештенослужителите ќе извршат свечен водосвет.

Дебарско – кичевската епархија ги повикува своите православни верници на заедничко прославување на овој празник.