20/04/2024
Охрид

Честитка од градоначалникот Георгиески по повод Денот на наставата на турски јазик

По повод одбележувањето на Денот на наставата на турски јазик – 21 декември, градоначалникот Константин Георгиески упати честитка до припадниците на турската заедница во Охрид и Република Северна Македонија.

-На  нашите сограѓани од турска националност им упатувам најискрени честитки по повод одбележувањето на Денот на наставата на турски јазик, празнување на денот кога официјално го добиваат правото да се образуваат и да творат на мајчиниот јазик. Велат дека учењето на мајчиниот јазик е основно човеково право и дека е основа за меѓусебно почитување и соработка меѓу граѓаните од различни националности.

Свесни дека со почитување на различностите, како фундамент на демократијата, ние постојано ги унапредуваме условите за негување на соживотот и градењето на меѓусебната доверба. Турската заедница во Охрид била и ќе биде важен чинител за градење на посветла иднина на нашиот град и негова промоција како вековен крстопат на цивилизаците. Денешното празнуваање на Денот на наставата на турски јазик, нека биде уште еден заеднички и светол пример за меѓусебното почитување и градењето на соживот меѓу различните етнички заедници- се вели во честитката на градоначалникот Константин Георгиески по повод одбележувањето на Денот на наставата на турски јаззик.