27/04/2024
Охрид

Честитка од градоначалникот Пецаков по повод католички Божиќ

Градоначалникот на Општина Охрид Кирил Пецаков упати честитка до сите граѓани од католичка вероисповест по повод големиот христијански празник Раѓање Христово-Божиќ.

– Со најискрени желби за благосостојба, мир и среќаво мое лично име и во името на Општина Охрид, на сите наши сограѓани од католичка вероисповест им го честитам големиот христијански празник Раѓање Христово-Божиќ.

Овие празнични мигови нека ги исполнат вашите домови со неизмерна љубов и радост, а вербата во Бога нека ви донесе спокој за вас и вашите најблиски.

Во духот на христијанските пораки посакувам заедно да создаваме подобро општество, во кое ќе ги издигнуваме вистинските животни вредности. Толеранцијата и хуманоста се две силно соединети сили кои го збогатуваат човештвото, а во секој чин на добротворност сјае силна искра на надеж за подобра иднина.

Да продолжиме да бидеме сплотени и постојано да го споделуваме божјиот благослов! Нека е за многу години големиот празник, стои во честитката на градоначалникот Пецаков.


WebOhrid / 25.12.2023 / Општина Охрид