Честитки од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид и кандидатот за градоначалник Кирил Пецаков по повод 11 Октомври
ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид упатува искрени честитки по повод големиот празник 11 Октомври – Ден на народното востание на македонскиот народ.
„11 Октомври – ден кога слободата победи и македонскиот народ се вброи меѓу предводниците на Антифашистичката борба. Охрид и Македонија имаат колективна заслуга во борбата против фашизмот.
Да го сочуваме тоа што сме го наледиле од нашите предци, да се избориме за среќа и радост за ова парче земја и да создаваме светла иднина за сите.
Нека се паметат вечно хеорите од Антифашистичката борба!
Честит 11 Октомври!“ – стои во честитката од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.
Честитка упати и д-р Кирил Пецаков, кандидат за градоначалник на Охрид.
„11 Октомври – Ден на народното востание на македонскиот народ е поука и аманет за сите Македонци за нашето постоење низ времето.
Оруженото востание против фашистичкиот окупатор го симболизира непокорот на македонскиот народ и вечниот стремеж за слобода.
Охрид и Македонија се нашата одговорност со цел подобра иднина за сите!
Честит 11 Октомври!
Да живее Република Македонија!“ – стои во честитката од Пецаков.