25/04/2024
Охрид

Цветни балкони – цветен Охрид

Во рамките на „Неделата на животната средина“, што традиционално ја организира Одделението за заштита на животната средина при општина Охрид, денеска започна реализацијата на проектот „Цветни балкони – Цветен Охрид“.

Во рамките на овој проект ќе бидат поделени 400 жардиниери со саксиско цвеќе на жителите кои живеат на улиците: ул. „7-ми Ноември“, ул. „Бекир Алириза“, ул. „Егејска“, ул. „Охридска бригада“, ул. „Тетовска“, ул. „Абас Емин“ од пресекот со бул. „Туристичка“ до ул. „Железничка“, ул.„Дејан Војвода“, ул. „Крали Марко“, ул. „Стив Наумов“, ул. „Јабланица“ и ул. „Бистрица“.

Граѓаните од горе наведените улици кои се заинтересирани за жардиниери со цвеќе истото ќе можат да го подигнат во расадникот на ЈП „Охридски Комуналец“ денеска и утре, на 6 и 7 јуни 2019 (четврток и петок) од 9 до 13 часот, а со себе треба да носат лични документи за идентификација од кои ќе биде видлива адресата на живеење.

Целта на организирањето на оваа „Недела на животната средина“ е што повеќе да се укажува на проблемите од областа на екологијата и да се влијае на подигањето на јавната свест на граѓаните за заштита на животната средина.