30/04/2024
Охрид

Демир Далип се сретна со в.д. амбасадорот на Германија, Ото Граф

Лидерот на НГИ „Коалиција на Египќани“, Демир Далип реализира средба со Ото Граф, Вршител на должност амбaсадор на Германија.

Далип, го запознал в.д. амбасадорот Граф со положбата и статусот на Египќаните во Македонија, процесот на нивната институционална интеграција како и соодветната и правична застапеност во институциите на системот.

На средбата Далип истакнал благодарност на Ото за корекниот и топол третман на граганите од Македонија и Египќаните кои работат во Германија, како и задоволството од соработката на Македонија и Германија, во полето на економијата, развојот на демократските процеси и почитување на основните човекови права и слободи.