27/04/2024
Охрид

ВМРО-ДПМНЕ: Се докажа дека се основани тврдењата за злоупотреба и бесправна сеча на шумочуварот во ЈУНП „Галичица“

„Се докажа дека се основани тврдењата за злоупотреба и бесправна сеча на шумочуварот во ЈУНП „Галичица”.

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид изминатиов период апелираше и известуваше по допрениот глас од загрижени граѓани дека вработениот во ЈУНП „Галичица“ С. К. од с.Љубаништа на позиција шумочувар подолг период врши пустошење на шуми, злоупотребувајќи ја долги години службената позиција за остварување имотно правна корист.

Доказ за тоа е поднесената кривична пријава од страна на МВР против истото лице. Со ова се докажа дека нашите тврдења се основани и дека МВР како и ОЈО треба да ја прошират истрагата бидејќи гореспоменатото лице има низа вакви злоупотреби.

Исто така укажувавме дека раководството на СДСМ Охрид, помогнато со партиски моќници изврши огромни притисоци врз ЈУНП „Галичица” да го вработи синот на гореспоменатиот обвинет шумочувар, кој воедно е претседател на СДСМ во с.Љубаништа иако истиот не ги имаше исполнато условите пропишани на јавниот оглас, но мораше да се награди криминалот.

Дека ЈУНП „Галичица” е заробена институција и е под огромен партиски притисок на општинската СДСМ говорат соопштенијата кои ги потпишале скоро сите вработени без оглед на партиска и било каква припадност и ги проследиле до сите медиуми, до сите домашни релевантни институции, како и до сите меѓународни фактори и европски амбасади, притоа известувајќи за огромниот притисок и несовесно работење на поединци на штета на установата и вработените како и на сите жители и посетители во паркот.

Отттука ги повикуваме сите надлежни институции: МВР, Обвинителство, Финансиска Полиција, Антикорупциска најитно да извршат увид на овие нерегуларности согласно нивните законски надлежности и да го расчисти криминалот, а со цел да се ослободи и профункционира установата.“ – стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.


WebOhrid / 28.02.2023 / ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид