28/04/2024
Македонија

Денес можни прекини во функционирањето на е-ПДД и МојДДВ

Управата за јавни приходи ги известува даночните обврзници и корисниците на електронските услуги на системот е-Даноци, дека поради планирани активности и интервенции во делот на ИТ системот на УЈП, денес (29.10.2022) во период од 09:00 до 17:00 часот, може да има прекини на е-услугите, во функционирањето на МПИН системот, односно ќе се примаат пресметки по меил, но, пресметките нема да може да се обработуваат и да се генерираат декларации, а во прекин ќе бидат и е-ПДД и МојДДВ.

Штом завршат активностите системот ќе биде ставен во функција по што ќе може да се користат и е-Услугите.


WebOhrid / 29.10.2022 / УЈП