27/04/2024
Охрид

Доделени признанија за ученици со континуиран одличен успех во ООУ „Живко Чинго“

Денес во Спортската сала „Тодор Александров“ во Велгошти беше одржано свечено доделување на признанијата за учениците од IX одделение од ОУ „Живко Чинго“ за постигнат континуиран одличен успех во текот на школувањето, како и за учениците од одделенска настава за најдобри постигнати резултати на училишните натпревари.

Честитајќи им ги успесите на учениците, пред присутните се обрати директорката Љубица Ангелоска Кркачоска.

„Дојде и последниот наставен ден од оваа учебна година. Последното ѕвонче во 9-то одделение е одлика што го дели животот на преди и после. За учениците тоа е заповед „да се започне“, за родителите тоа е сигнал дека нивните деца пораснале, а за наставниците минута збогување со нивните сакани ученици.

Почитувани ученици, би сакала да ви посакам да не брзате да пораснете. Сè уште ќе имате време да пораснете, подобро е да уживате во времето што го имате сега. Сакам да ви го честитам успешно завршеното основно образование! Денес изгледате прекрасно, сите зрачите со ведрина и убавина. Вие ученици сте способни и креативни, и не се сомневам дека ќе станете вистински професионалци.

Честит празник за вас, мои најмили ученици и сакани полуматуранти. Нека сè во вашиот живот биде како што вие самите посакувате.

Ви посакувам многу здравје, среќа и успех во идното школување!“ – истакна директорката Љубица Ангелоска Кркачоска.

НАГРАДЕНИ УЧЕНИЦИ ОД ОДДЕЛЕНСКА НАСТАВА ЗА НАЈДОБРИ ПОСТИГНАТИ РЕЗУЛТАТИ НА УЧИЛИШНИТЕ
НАТПРЕВАРИ
1. Дамјан Богданоски 1 а одделение (училишен натпревар по математика)
2. Мила Тодороска I а одделение (училишен натпревар по математика)
3. Георги Калачоски I б одделение (училишен натпревар по математика)
4. Христијан Шиникоски I б одделение (училишен натпревар по математика)
5. Елена Ѓорѓиеска I б одделение (училишен натпревар по математика)
6. Дамјан Баталоски I б одделение ( Брзина и точност при читање)
7. Марија Речкоска III а одделение (македонски јазик)
8. Јана Буџакоска IV 6 одделение (Историја и општество)
9. Петар Ристов V 6 одделение (Природни науки)
ПРЕДМЕТНА НАСТАВА НАГРАДЕНИ УЧЕНИЦИ ОД IХ ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ПОСТИГНАТ КОНТИНУИРАН ОДЛИЧЕН УСПЕХ ВО ТЕКОТ НА ШКОЛУВАЊЕТО

1. Марија Андоноска

2. Бојана Билкова

3. Влатко Кркачоски

4. Марија Митреска

5. Марија Ристеска

6. Петар Ристески

7. Марија Шенгулоска

8. Ива Кецкарова

9. Ана Шокароска

10. Александра Костадиноска

11. Климент Гонески

12. Зорица Маркоска

13. Софија Кецкароска


WebOhrid / 14.06.2023 / ООУ „Живко Чинго“ Велгошти