03/05/2024
Охрид

Софија Кецкароска – „Првенец на генерација“ во ООУ „Живко Чинго“ Велгошти

Денес во ООУ „Живко Чинго“ Велгошти беше одржано свечено доделување на признанијата за учениците со континуиран одличен успех. На свечената пригода во Спортската сала „Тодор Александров“ беше прогласен „Првенец на генерација“.

Пред присутните ученици и родители се обрати директорката Љубица Ангелоска Кркачоска, честитајќи им ги успесите на учениците.

„Со задоволство ве известуваме дека Комисијата за избор на Првенец на генерацијата при ООУ „Живко Чинго“ с.Велгошти – Охрид ги разгледа пријавите од учениците од нашето училиште и според Правилникот ученичката Софија Кецкароска од IX б одделение е ѕвездата која најсјајно засвети и го понесе епитетот „Првенец на генерацијата‘‘ 2023 година. Нема ништо поубаво од тоа, да го одиш сопствениот пат кој веруваш дека ќе те донесе до она што отсекогаш ти била цел. Сакана од соучениците и почитувана од наставниците, а таа возвраќа со уште поголема хуманост, несебичност и разбирање кон другарите на кои им е потребна помош, поддршка или решение од домашна задача.

Со својата скромност, интелигенција, упорност и поставување високи стандарди, Софија е ученичка со која секој наставник би работел со голем ентузијазам знаејќи дека секогаш може да го постигне најдоброто. Софија е ученичка која успешно нè претставуваше на секое натпреварување и секогаш се враќаше со признание. Таа активно учествуваше на училишни натпревари и има стекнато голем број пофалници, благодарници и дипломи.

Во изборот на оваа награда на училиштето беше рангиран и ученикот Петар Ристески.

На двајцата им изразуваме голема благодарност што беа дел од нашето училиште и нè направија горди со успесите.“ – истакна директорката Кркачоска.


WebOhrid / 14.06.2023 / ООУ „Живко Чинго“ Велгошти