27/04/2024
Дебрца

Дополнета годишната програма за одбележување годишнини на значајни настани и личности во Општина Дебрца

На последната седница на Советот на Општина Дебрца, на предлог на градоначалникот Зоран Ногачески, Советот  ја дополни Годишната програма за одбележување годишнини на значајни настани и личности во општина Дебрца во 2018 година.

Во програмата се предвидува одбележување на 17 години од масакрот кај Вејце, кој се случи на 28ми април 2001 година и во кој во заседа и ѕверски беа убиени осуммина припадници на одбранбените сили на РМ, меѓу кои и припадникот на специјалната единица „Волци”, водникот Игор Костески ( 1975-2001 ).

Игор е роден во Скопје, а неговата фамилија потекнува од село Слатино. Одбележувањето на годишнината ќе биде пред неговото спомен обележје во село Слатино.

„Пролетва на Скопска Црна Гора и Шара, наместо кокичиња ‘ртеше највеличенственото македонско достоинство кое се полева, а можеби и ќе се полее и со мојата младешка крв без да го почувствувам вкусот на плодовите. Ќе биде како што Бог сака!?“- ова се зборовите запишани во нотесот на Игор, неколку часа пред загинувањето.

Нека му е вечна слава !