06/10/2024
Охрид

Се презакажува јавната расправа за предложените измени и дополнувања на законите за туристичка и угостителска дејност

Во врска со претходно закажаната јавна расправа за предлог измените на Законот за угостителска и туристичка дејност, а поради новонастаната ситуација со неодложни обврски на претставниците на Министерството за Економија – секторот за туризам и угостителство, ја информираме јавноста а посебно сите заинтересирани страни кои се директно засегнати со измените на Законот за туристичка и угостителска дејност, дека предвидената Јавна расправа која требаше да се одржи на ден 06.03.2018 год истата се презакажува за 08.03.2018 год. (четврток) со истите термини и локација со следниот

ДНЕВЕН РЕД

1. Предлог измена и дополна на Законот за туристичка дејност
2. Предлог измена и дополна на Законот за угостителска дејност
3. Предлог измена и дополна на Законот за такса за привремен престој
4. Предлог мерки и активности за проблемите со кои се соочува туристичкото стопанство и подобрување на условите за патување на луѓето.
5. Разно