27/04/2024
Охрид

Двајца скопјани приведени во Охрид

На 10.08.2020 во 22 часот во СВР Охрид биле приведени и лишени од слобода Д.Н.(24) и Г.Л.(26), двајцата од Скопје.
При обид за преглед во близина на спортско игралиште во Охрид, тие почнале да бегаат од полициските службеници, по што еден од нив, исфрлил опаковка со таблетки. Истите се одземени и предадени на вештачење, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.