20/04/2024
Охрид

Известување до охридските пчелари

Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, а врз основа на одлуката на Советот на Општина Охрид за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на општината ЈЗУ Центар за јавно здравјe ги известува граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на општина Охрид дека на ден 13.08.2020 год.(четврток) ќе спроведат теристичка (од земја) дезинсекција против комарци. Запрашувањето ќе се врши во период од 22 до 06 часот со апарат за УЛВ ладно запрашување.

Со дезинсекцијата ќе биде опфатено Охридското крајбрежјето од с. Подмолје до комплексот Св. Наум, територијата на град Охрид, просторот на река Грашница и Коселска Река.

Се молат пчеларите и пчеларските задруги да ги превземат соодветните мерки за заштита на на пчелите.

Во случај на појава на неповолни временски услови (ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.