07/12/2024
Охрид

Едукативни видеа од Проектот „Мапирање и управување со трската во Охридското Езеро“

Во периодот од 10.09.2022 до 19.10.2022 година, Здружението за заштита и одржлив развој на животната средина – Регионален зелен центар Охрид спроведе изработка на 8 кратки видеа од едукативно- информативен карактер. Активноста е во рамки на проектот „Мапирање и управување со трската во Охридското Езеро“.

Во текот на еден месец, се снимаа и постпродукциски се обработуваа 8 кратки видеа со просечно времетрање од 2.30 минути. Со снимањето опфатени се сите 8 подрачја со трска од с. Подмоље до Св. Наум Охридски (на територија на Општина Охрид). Прибирањето на фото и видео материјалите се направија со помош на дрон и GoPro камера. Во видеата се вметнати и податоци од едукативно- информативен карактер. Изработените видеа како краен продукт се пласирани на YouTube каналот на РЗЦ Охрид и може да се погледнат на следните линкови:

Целта на оваа активност е промоција на природното наследство и подигнување на јавната свест за значењето и потребата од правилно управување со трската во Охридското Езеро. Од аспект на едукативен карактер, видеата ќе служат како помагало во образовниот процес во основните училишта, со цел учениците да развијат поголема свест за животната средина и конкретно за трската, а од аспект на информативен карактер, ќе служат да ја доловат на јавноста реалната состојбата во која што се наоѓа трската како и потребата од превземање соодветни мерки. Во поглед на идни планови, по завршување на имплементацијата на проектот, планирано е ваквиот тип на пласирани продукти да се прикажува во сите основни училишта во Општина Охрид. Во однос на активности кои следат во рамки на проектот, во месец ноември планирано е да се одржат работилници- позитивни и негативни страни од управувањето со трската, на кои ќе бидат поканети сите засегнати страни.                                                                               

Проектот Мапирање и управување со трската во Охридското Езеро на Здружението за заштита и одржлив развој на животната средина РЕГИОНАЛЕН ЗЕЛЕН ЦЕНТАР ОХРИД, се спроведува во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 – ReLOaD2, која е финансирана од Европската унија (ЕУ), а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).


WebOhrid / 02.11.2022 / Општина Охрид