28/03/2024
Охрид

Екипите на ЈП„Охридски Комуналец“ на терен после невремето

После невремето кое го зафати Охрид во попладневните часови, екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ веднаш излегоа на терен за да ги исчистат и санираат последиците од невремето.

Се апелира го граѓаните да ги информираат надлежните служби за сите локации каде им е потребна помош и има поголемо задржување на вода или се направени поголеми оштетувања, за да може итно да се реагира.

Граѓаните можат да пријават во Центарот за управување со кризи на телефонскиот број 195.

Инаку, повеќе градови во земјава попладнево беа зафатени со невреме, а најмногу дожд до 16:00 часот наврна во Охрид, каде се измерени 28 литри на метар квадратен. Невремето кое започне нешто по 14:30 часот донесе обилен пороен дожд, град, грмежи и засилен ветер.

Според податоците од УХМР, попладнево под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса беа североисточните и југозападните делови од земјава, каде што на повеќе места имаше пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Така нестабилноста беше поинтензивна во регионот на Куманово и Крива Паланка, Пелагонија и Охридскиот Регион.