ФАО, СЗО и ОИЕ заедно ќе се борат против антимикробната резистентност

Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО), Светската здравствена организација (СЗО) и Светската организација за здравствена заштита на животните (ОИЕ) постигнаа согласност да ги интензивираат заедничките активности за борба против заканите по здравјето на луѓето, животните и животната средина. Трите организации потпишаа Меморандум за соработка со што се согласија да го зајакнат своето долгогодишно партнерство, со најголем фокус на справување со антимикробната резистенција (АМР).

АМР претставува најголем приоритет за трите организации кои работат заедно за да развијат глобални системи за надзор на антимикробната резистенција и употреба на антимикробни средства, глобална програма за антимикробна грижа и рамка за мониторинг и евалуација за глобалниот акционен план. Тековната сеопфатна рамка на меѓународните стандарди за одговорна и внимателна употреба на антимикробните средства и прилагодена за да се следи развојот на научните сознанија.

Освен антимикробната резистенција, новиот договор ќе се фокусира на подобрување на можностите за предвидување на болести за поинформиран и побрз одговор во однос на новите и ендемски зоонотски заболувања (вклучувајќи болести предизвикани од храна); поддршка на земјите во насока на зајакнување на нивните национални системи за здравствена заштита и преземање на заеднички активности поврзани со намалување на заканите.

Иако секој од трите сектори има свој предмет на делување, сепак сите три организации се соочуваат со истите предизвици. Затоа, оваа соработка е од фундаментално значење со цел да се покаже дека партнерствата помеѓу меѓународните организации ги поддржуваат регионалните, националните, па дури и локалните иницијативи. 

Ова покажува дека пристапот Едно здравство не е само концепт, туку секојдневна реалност која ќе се гради преку развој и имплементација на амбициозна работна програма фокусирана на заеднички приоритети на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации, Светската здравствена организација и Светската организација за здравствена заштита на животните.

Концептот Едно Здравје е меѓународно дефиниран како колаборативен, мултисекторски и трансдисциплинарен пристап – кој се спроведува на локално, регионално, национално и глобално ниво – со цел да се постигнат оптимални резултати во областаа на здравствената заштита кај луѓето, животните, растенијата и нивнита заедничка средина.

Во насока на приближување кон глобалниот концепт, Агенцијата за храна и ветеринарство како домаќин на регионалната конференција “Соработка на тема Едно Здравје на ниво на земјите од регионот” која се одржа на 26 и 27 март 2018 година, покрена иницијатива за спроведување проект на ниво на земјите од балканскиот регион со цел примена на концептот “Едно здравје” со цел справување со зоонотските болести. Проектните задачи и главниот концепт на овој регионален мулти-секторски проект се во напредна фаза на изработка и истите се проектираат во согласност со стратешките цели и приоритети на заедничката програма на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации, Светската здравствена организација и Светската организација за здравствена заштита на животните. Проектот ќе биде доставен до Европската комисија со предлог за негово вклучување во рамките на Инструмент за претпристапна помош – ИПА 2019.