18/04/2024
Спорт

Футсал А репрезентацијата на двомеч против светскиот првак Португалија

Македонската футсал репрезентација на 13. јануари и 14. јануари во Лисабон ќе одигра два контролни натпревари против футсал селекцијата на Португалија. 

Македонската репрезентација доби покана за двомечот против светскиот првак Португалија, селекција која се подготвува за настап на Европското првенство во Холандија кое започнува на 19. јануари. 

Нашата селекција денеска патува за Лисабон. Двата натпревари ќе се одиграат во спортскиот центар на Португалската фудбалска федерација. 

Во тимот на Македонија се вклучени следните играчи: Антонио Петровски, Иван Стојановски, Зоран Левески, Игор Леовски, Дарко Ранготов, Јакуп Рамадан, Мартин Тодоровски, Таулант Исмаил, Иван Крстевски, Еркан Сефери, Драган Петровиќ, Реџеп Сулејман, Ферид Агуши, Ѓокица Џо Арсовски;

Нашиот репрезентативец, Драган Петровиќ ќе го запише 100 настап во дресот на најдобрата македонска футсал селекција. Првиот меч ќе се одигра на 13. јануари со почеток во 09.00 часот, ден подоцна натпреварот е закажан во 18:45 часот. 


WebOhrid / 11.01.2022 / ФФМ