07/12/2024
Охрид

ГДУ: Уште колку треба да чекаме за фамозниот стационар?

Граѓанско Демократската Унија – ГДУ Охрид испрати соопштение до медиумите во кое стои:

„Уште колку треба да чекаме за фамозниот стационар или со зборовите на кадрите на СДСМ „ултра модерен“? Уште колку време му треба на директорот на ЈП „Охридски комуналец“ за да го добие фамозното одобрение, за изградба на фамозниот стационар?

Од 2016 СДСМ е на власт, од 2016 СДСМ најави ваков проект кој ќе ги спаси охриѓани од кучињата скитници, кои стануваат се поголем проблем во градот. Воедно и директорот Љупчо Грданоски, пред извесен период укажа дека се чека одобрение, па би го запрашале уште колку треба да се чека? Каде е проблемот? Зарем 2 и пол години не ви беа доволни? И уште колку години ви се потребни за да добиете одобрение и уште колку години за да стигнете до конечна реализација? Со вакво темпо на работа очигледно уште еден век нема да биде доволен.

И за крај ве замолуваме да ги засукате ракавите и ако барем малку ви значи мислењето на охриѓани ќе се потрудите да го решите овој долгогодишен проблем.“ – стои во соопштението од ГДУ Охрид.