26/04/2024
Охрид

Георгиески: Младите треба да бидат најважните носители на позитивните промени и се важен ресурс за развој на една општина

Младите треба да бидат најважните носители на позитивните промени и се важен ресурс за развој на една општина. Затоа континуирано сме посветени на градење партнерство и воспоставување на соработка со младите.
За остварување на јавните потреби и јавниот интерес на младите луѓе на територијата на општина Охрид, согласно Законот за младинско учество и младински политики планирано е формирање на Локален совет на млади и конституирање на локално младинско собрание.
Целта на реализација на оваа активност е вклучување на младите во спроведување на политиките и креирање на младинските програми. Тоа е можно единствено преку институционализирање во тело кое формално правно ќе ги претставува и застапува младите.
Kонститутивната седница на Локално Собрание на Млади на општина Охрид ќе се оддржи на ден 28.04.2021 година (среда) во 12 часот во Големата сала на Советот на општина Охрид.
Повеќе информации на следниот линк