07/10/2024
Охрид

Градоначалникот Георгиески на презентација на опремата за спасување во зимски услови

Градоначалникот Константин Георгиески во придружба на евроамбасадорот Дејвид Гир, министерот за локална самоуправа Горан Милевски и претседателот на општинската организација на Црвен крст Сашо Точков, присуствуваше на презентација на специјалната опрема за спасување во зимски услови што денес се одржа на кејот од Охридското Езеро.

Опремата беше обезбедена преку проектот „Нови можности за безбеден зимски авантуристички туризам“ финансиран од Европската Унија преку ИПА2 програмата за прекугранична соработка меѓу Северна Македонија и Албанија. Проектот го спроведуваат Црвен Крст – Охрид, општина Дебрца, општина  Грамш од Албанија и алпинистичкиот клуб „Патагонија“ од Охрид.