21/05/2024
ОхридСпорт

Градоначалникот Пецаков на средба со фудбалските школи

ЈП „Билјанини Извори“ денес реализираше работна средба со сите фудбалски школи кои користат услуги на СРЦ „Билјанини Извори“.

Состанокот со фудбалските школи се реализира на иницијатива на јавното претпијатие и на истиот присуствуваше и Градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков. На состанокот се разговараше околу досегашната соработка со фудбалските школи како и околу идните планови и приоритети за заедничко делување.

„Спортот и спортските клубови, школи се висок приоритет во тековното работење на претпријатието и Градоначалникот Пецаков така што и во иднина ваквиот начин на комуникација и еден вид на соработка ќе продолжи и со другите правни субјекти кои ги користат услугите на претпријатието со цел да се слушне гласот на спортските работници и да се етаблира конструктивен начин на соработка.“ – информираат од ЈП „Билјанини Извори“.


WebOhrid / 23.12.2021 / ЈП „Билјанини Извори“